Марко Колев го доби решението за втор мандат за градоначалник на Општина Велес
- Во организација на Општинската изборна комисија денеска на Свечена седница во големата општинска сала Велес на Марко Колев му беше врачено решението за новиот - втор мандат, за градоначалник на Општина Велес, а беа врачени и решенијата на новоизбраните советници во Советот на Општина Велес.
Велес, 31 октомври 2025 (МИА) - Во организација на Општинската изборна комисија денеска на Свечена седница во големата општинска сала Велес на Марко Колев му беше врачено решението за новиот - втор мандат, за градоначалник на Општина Велес, а беа врачени и решенијата на новоизбраните советници во Советот на Општина Велес.
Колев упати благодарност до ОИК и сите вклучени институции за успешната организација на изборниот процес, како и до граѓаните кои на фер и демократски начин ја искажаа својата недвосмислена поддршка.

-Велешани Ви благодарам. На нас останува да го реализираме сето она што го ветивме и граѓаните го очекуваат, самостојно и во соработка со централната власт. Јас и понатаму ќе останам истиот човек кого можете да го сретнете во Општината, на спортски и културни настани, но и низ велешките улици, бидејќи Велес е мојот град, градот кој го сакам, истакна Колев. ад/аа/
Фото: Општина Велес