• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ – Јан Коп: Важна ни е поддршката од Холандија на европскиот пат и во реформскиот процес

Маричиќ – Јан Коп: Важна ни е поддршката од Холандија на европскиот пат и во реформскиот процес
Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, на која се разговараше за динамиката на евроинтеграцискиот процес, продолжувањето на соработката меѓу двете држави, како и финансиската поддршка која во вид на проекти ја добива Северна Македонија од страна на Холандија. - Важна ни е поддршката од Кралството Холандија во процесот за почеток на преговори со Европската Унија. На денешната средба со амбасадорот Јан Коп потврдивме дека политиката на проширување на ЕУ е важна за стабилноста и напредокот на регионот, бидејќи обезбедува единствени правила во однос на демократија, владеење на правото, човековите права, но и поголем пазар и инвестиции. Северна Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување во ЕУ и очекувам дека во наредниот период ќе работиме заедно со нашите европски партнери за да ја забрзаме динамиката на процесот со посветена работа на сеопфатни реформи, истакна Маричиќ. Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, Маричиќ и Јан Коп разговарале и за проширување на традиционалната поддршка во реформите со акцент на владеење на правото и правосудство, како и за напредокот во соработката помеѓу нашата земја и Бугарија во насока на целосно отстранување на ветото кон конечно отпочнување на пристапните преговори со Унијата, при што беше потенцирана холандската поддршка за европската иднина на земјата. фф/сп/

Остани поврзан