• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ- Лудва: Почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ е висок приоритет на чешкото претседателство​ 

Маричиќ- Лудва: Почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ е висок приоритет на чешкото претседателство​ 
Скопје, 28 март 2022 (МИА) - Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска имаше средба со чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва и заменик амбасадорот Лубомир Пшенка.
Од кабинетот на Маричиќ информираат дека за време на средбата говорниците разговарале за односите меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Северна Македонија, реформите што се спроведуваат, состојбите во регионот и воената криза во Украина.
Вицепремиерот Маричиќ  информираше за досегашните реализирани реформи на патот кон ЕУ, а брифираше и за динамиката на разговори и соработка со Република Бугарија.
-Соработката е услов за стабилноста и развојот на регионот и секој треба да покаже искрена посветеност на оваа цел. Нашата земја недвосмислено покажа дека е промотор на регионалната соработка, со што активно придонесува за стабилноста - што е важно за ЕУ и пошироко. Членството во ЕУ е наша стратешка определба и работиме на отстранување на блокадата за почеток на преговорите. Чешка отсекогаш била наш поддржувач во евроинтеграцискиот процес и се надевам дека тоа ќе остане и за време на нејзиното претседавање со Унијата, истакна тој за време на средбата. Амбасадорот Лудва ги посочил приоритетите на чешкото претседателство со ЕУ кои ја засегнуваат нашата земја, посочувајќи дека Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата на земјите од Западен Балкан, со што се потврди силната поддршка на Чешка за итно отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. На крајот од средбата, соговорниците се согласиле дека Северна Македонија нема друга алтернатива за подобар живот на граѓаните освен членство во ЕУ и воведување европски стандарди и вредности, како и дека Унијата конечно треба да го испорача ветеното за земјата врз основа на постигнатиот напредок. ки/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан