• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ - Лудва: За чешкото претседателство остануваат приоритет нашите европски амбиции 

Маричиќ - Лудва: За чешкото претседателство остануваат приоритет нашите европски амбиции 
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Приоритетите на претстојното шестмесечно чешко претседавање со Советот на ЕУ, во контекст на процесот на проширувањето на Унија, почетокот на нашите долгоочекувани пристапни преговори, како и актуелните геостратешки околности кои влијаат на мирот и безбедноста во Европа, беа тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва. Маричиќ на средбата, како што информираат од неговиот Кабинет, посочи дека за нас е особено важно што имаме партнер во Чешка на нашиот евроинтегративен пат. - За нас е особено важно што имаме партнер во нашата евроинтеграција, која имаме одлична можност да ја започнеме, со прифаќање на францускиот предлог, како Македонци кои говорат македонски јазик, рече Маричиќ. Амбасадорот Лудва, се вели во соопштението, истакна дека Чешка, и за време на своето претседавањето останува посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан и на реализација на нашите европски амбиции, како билатерално, така и преку мултилатерални канали, вклучувајќи ја и Вишеградската група (В4). Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, потенцира дека остануваме стратешки партнер на ЕУ, со која имаме заеднички цели и интереси за зајакнување на мирот, демократијата и интеграцијата во Европа, а одлуката којашто заеднички ќе ја донесеме за иднината на земјата, според него, ќе направи промена која несомнено ќе се почувствува и во регионот. - Остануваме доследни на нашите национални интереси, затоа следниот чекор треба да биде валоризација на се она што досега како држава сме го вложиле. Да ја искористиме мудро и рационално оваа шанса и да дадеме шанса на младите идните генерации да уживаат во придобивките од европеизацијата на државата, додаде Маричиќ. аа/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан