• недела, 22 декември 2024

Маричиќ и Тренчевска во Струмица на средби со млади и градоначалникот Костадиновски

Маричиќ и Тренчевска во Струмица на средби со млади и градоначалникот Костадиновски

Скопје, 1 септември (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, попладнево остварија средба со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, каде што им беа презентирани искуствата на општината од користењето на средствата од европските фондови.

Тиа ја посетија и Европската куќа во Струмица, каде што разговараа со младите од младинскиот совет на Општина Струмица за младинските актуелни состојби и перспективи и заедно направија обиколка на новиот младински центар, кој се наоѓа во рамки на општината.

Маричиќ порача дека се води битка која ќе им овозможи на младите да живеат европски и да ги користат можностите кои им се нудат.

- Нашите млади не се ништо помалку вредни или помалку образовани или помалку паметни од другите. И тоа треба да го искористиме. Наша е битката да им овозможиме повеќе можности да ги искористат тие можности и да живеат европски. Мислам дека тоа ни е обврска, тоа ни е должност и всушност за тоа и се бориме. И со овие младински гаранции и со поттикнување на младинско вработување, е многу битно да се создаваат работните навики на младите, но и финансиската независност што порано во животот тоа е подобра и за личниот развој на младите луѓе, но и за развојот на семејствата и општеството. Во Владата и во нас ќе имате сојузник и поддршка за ова што вие се залагате, ние ќе ги отвораме можностите, а вие користете ги и да ја водиме државата напред, рече Маричиќ.

На средбата со членовите на Младинскиот совет вицепремиерот Маричиќ се осврна на можностите кои се нудат за младите да останат дома, како и за младинската гаранција, посочувајќи дека е клучно секогаш да се имаат на ум и Еразмус програмите и тие кои ги нуди Агенцијата за европски програми и мобилност. - Мобилноста на младите во регионот и во државите членки во ЕУ ги градат мостовите помеѓу нашите млади и младите од Северна Македонија, посочи вицепремиерот.

Градоначалникот Костадинов, пак, го презентираше проектот „Струмица – Паметен вело град“ кој се реализира со европски средства, а во чии рамки досега во градот се изведени велосипедски патеки во должина од 5,5 километри.ра/лв/

 

 

Остани поврзан