• недела, 24 ноември 2024

Марио Илиевски дополнително повикан за дуелите со Фарски острови и Ерменија

Марио Илиевски дополнително повикан за дуелите со Фарски острови и Ерменија

 

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација од вчера е во Торшавн каде утре со почеток во 15 часот ја очекува дуелот против Фарски острови на отворањето на Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски за саботниот дуел, како и натпреварот против Ерменија, закажан за 10 септември во Скопје, дополнително го повика капитенот на репрезентацијата до 21 година Марио Илиевски.

Ова доаѓа откако Милевски се соочи со непланирани откажувања во нападот поради повреди на Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Младиот Илиевски е прекомандуван во сениорскиот тим, ден откако вчеравечер ја предводеше репрезентацијата до 21 која загуби од холандија со 5-0 во евроквалификациите. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан