• сабота, 16 ноември 2024

Марин демантира дека се набавуваат мобилни телефони за општинската администрацијата и Советот на Аеродром

Марин демантира дека се набавуваат мобилни телефони за општинската администрацијата и Советот на Аеродром
Скопје, 2 мај 2021 Во целост ги демантирам гласините за набавка на мобилни телефони за потребите на општинската администрацијата и Советот на Општината, како и за мене лично што денеска кружат по социјалните мрежи. Одлуката којашто е проследена во написите е составен дел на Упатството за користење службени мобилни телефони во Општината и е изгласана на седница на Советот од страна на сите 27 советници. Имено, станува збор за определување на максимална висина на бенефиции што ќе можат да ги искористат вработените и советниците во иднина, а претставуваат право на Општина Аеродром согласно со Договорот за користење мобилни услуги со компанијата Македонски телеком во времетрање од 24 месеци. Во тој контекст нагласувам дека Општина Аеродром нема да потроши ни денар буџетски средства за набавка на нови мобилни телефонски апарати, односно станува збор за субвенција по основ на претплатничка линија. Дополнително ја информирам јавноста дека со бенефициите што ги има добиено Општина Аеродром врз основа на ваквиот Договор, за првпат во државата е овозможено јавно и транспарентно да бидат споделени во рамките на општинската администрација. Договорот со мобилниот оператор е јавно достапен на системот за е-јавни набавки и секој може да се увери во максималниот ефект којшто Општина Аеродром го има добиено при спроведување на јавната набавка за мобилни услуги. Општина Аеродром, __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан