Мареј стана првиот Канаѓанец со 55 поени во НБА
- Денвер го победи Портланд со 132:121 ноќеска на домашен терен во основниот дел од НБА-лигата.

Денвер, 13 февруари 2025 (МИА) - Денвер го победи Портланд со 132:121 ноќеска на домашен терен во основниот дел од НБА-лигата.
Кошаркарот на Нагетс, Џамал Мареј постигна 55 поени. Дваесет и седумгодишниот кошаркар го оствари најдобриот резултат по постигнати поени помеѓу канадските играчи во историјата на НБА.
Мареј стана и првиот играч во историјата на Деневр со 55+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки на еден натпревар.
Во тековната сезона Мареј одигра 48 натпревари во НБА лигата, со просек од 21 поен и 3,9 скока по натпревар. зс/
Фото: ЕПА