Мареј го освои вториот Челинџер по ред и ќе се врати во топ 40
- Британскиот тенисер Енди Мареј стана победник на Челинџер турнирот во Нотингем.

Нотингем, 18 јуни 2023 (МИА) - Британскиот тенисер Енди Мареј стана победник на Челинџер турнирот во Нотингем.
Во финалниот меч Британецот викендов го победи Французинот Артур Казо со резултат 6:4, 6:4.
Ова е втора последователна титула за Мареј. Минатата недела 36-годишниот тенисер победи на тревниот Челинџер во Сурбитон.
Од утре, освојувачот на три Грен слем турнири ќе се врати во топ 40 на светската АТП ранг-листа. Мареј ќе се искачи на 38. место. зс/
Фото: ЕПА