• сабота, 06 декември 2025

Маргарет Квејли, наводно, го напуштила Шаја Лабјуф по тужбата за насилство

Маргарет Квејли, наводно, го напуштила Шаја Лабјуф по тужбата за насилство
Лос Анџелес, 8 јануари 2021 (МИА) - Сегашната девојка на Шаја Лабјуф, Маргарет Квејли, наводно, ја прекинала нивната врска по притисокот на јавноста поради најновите обвиненија кон него. Имено, тој е тужен од неговата поранешна партнерка, пејачката Талија Барнет, за физичко и емотивно насилство  додека биле во врска пред две години. Тужбата е поднесена лани во декември. Претставниците на Лабјуф и Квејли не беа достапни веднаш за коментар. Глумецот во интервју за ФКА рече дека многу од обвинувањата во актот, не се точни. си/ми/

Остани поврзан