• вторник, 05 ноември 2024

МАН: Целосно е пополнета квотата за вакцинација на 100 медиумски работници

МАН: Целосно е пополнета квотата за вакцинација на 100 медиумски работници
Скопје, 21 март 2021 (МИА) - Пополнета е квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината АстраЗенека која е закажана за вторник 23 март 2021 година, во Врање, Република Србија, информира Македонската асоцијација на новинари МАН. -Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни email потврди дека се регистрирани за вакцинација. Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне, велат од МАН. На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, додаваат, ни  одобри вакцинација и ревакцинација за 100 лица. вј/скс/

Остани поврзан