• сабота, 18 мај 2024

Манчестер јунајтед сака да ангажира тројца фудбалери од Бундеслигата оваа зима

Манчестер јунајтед сака да ангажира тројца фудбалери од Бундеслигата оваа зима

Манчестер, 25 декември 2023 (МИА) - Манчестер јунајтед е заинтересиран за тројца напаѓачи во пресрет на зимскиот преоден рок.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, раководството на тимот од „Олд Трафорд“ сака да ги официјализира трансферите на крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Дони Мален, напаѓачот на Штутгарт, Сера Гуираси и напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Дваесет и четиригодишниот Мален постигна шест гола на 23 натпревари оваа сезона, 27-годишниот Гуираси - 19 гола на 16 натпревари, додека 27-годишниот Вернер постигна два гола на 14 средби.

„The Athletic“ претходно објави дека Манчестер јунајтед ќе може да позајми само двајца играчи во зимскиот преоден рок поради запазување на финансискиот ферплеј. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан