Манчестер сити сака да го врати голманот Трафорд од Барнли
- Манчестер сити има намера да го врати голманот на Барнли, Џејмс Трафорд.
Манчестер, 19 јули 2025 (МИА) - Манчестер сити има намера да го врати голманот на Барнли, Џејмс Трафорд.
Според инсајдер Фабрицио Романо, раководството на двата клуба веќе ги почнаа преговорите. Сити се обидува да ја намали откупната клаузула за 22-годишниот Британец, која е 46 милиони евра.
Трафорд потекнува од фудбалската школа на „граѓаните“. Во летото 2023 година, тој се пресели во Барнли за 17,3 милиони евра.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на голманот на 22 милиони.
Трафорд бранеше 73 натпревари за Барнли и 31 натпревар не прими гол. зс/
Фото: ЕПА