Манчестер сити постави клупски рекорд
- Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити има 32 натпревари без пораз во Премиер лигата од декември 2023 година.

Манчестер, 26 октомври 2024 (МИА) – Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити има 32 натпревари без пораз во Премиер лигата од декември 2023 година.
Ова е најдобрата серија во историјата на клубот.
Во дуел од денешното 9. коло на Англиското фудбалско првенство, избраниците на Пеп Гвардиола го совладаа Саутемптон со 1:0.
Последен пат „граѓаните“ загубија на 6 декември 2023 година од Астон вила (0:1) на гости.
На 2 ноември, Манчестер сити ќе игра против Борнмут во 10. коло од Премиер лигата. зс/
Фото: ЕПА