• петок, 05 декември 2025

Манчестер Сити напредува во битката за потписот на Рејндерс

Манчестер Сити напредува во битката за потписот на Рејндерс

Милано, 23 мај 2025 (МИА) - Манчестер Сити напредува во преговорите со Милан за трансферот на Тијани Рејндерс, тврди „Скај Спортс Италија“. 

Холандскиот играч од средниот ред е една од големите трансфер цели на Пеп Гвардиола ова лето, а Шпанецот сака да потпише со него пред почетокот на Светското клупско првенство.

Според изворот, Милан е подготвен да продаде еден од своите најдобри играчи веднаш по завршувањето на сезоната. „Росонерите“ нема да играат на европските турнири следната сезона, па затоа се финансиски ограничени.

Рејндерс постигна 15 гола и имаше пет асистенции во 53 натпревари за Милан во сите натпреварувања оваа сезона. Се зборуваше дека и Реал Мадрид е заинтересиран за него. 

„Росонерите“ се надеваат дека ќе добијат околу 90 милиони евра за својата ѕвезда. Имаше извештаи дека првата понуда на Сити била за 60 милиони и затоа била веднаш одбиена. дс

Фото: Архива

Остани поврзан