За Фрчкоски, Македонците со „три пива пред гранап“, Манасиевски бара извинување од „идеологот на СДСМ“
- СООПШТЕНИЕ - Очекуваме од СДС и Филипче да се оградат од говорот на Фрчкоски, а тој самиот јавно да се извини на македонскиот народ.

5 јули 2025
Почитувани,
Идеологот на Филипче и СДС, Фрчкоски, со тешка навреда кон македонскиот народ.
Фрчкоски кој е еден од идеолозите на СДС, јавно на телевизиска емисија го навредува македонскиот народ со зборовите, цитирам:
“Ако зборуваме за Македонците со три пива пред гранап, Македонци кои ништо не направиле за својата држава”. Ова го кажа професорот Љубомир Фрчкоски на телевизија кон Македонците.
Професор на факултет, поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, некогашен кандидат за претседател на државата, сегашен член на раководството на СДС предводено од Филипче, дрско го навредува народот дека не направил ништо за својата држава.
Граѓаните кои плаќаат данок, кои работат и творат во државата, ја претставуваат гордо татковината во странство, па дури и оние кои го гласале некогаш Фрчкоски, за нив тој вели дека се безвредни и со тон на пониженост говори за нив.
Очекуваме од СДС и Филипче да се оградат од говорот на Фрчкоски, а тој самиот јавно да се извини на македонскиот народ.
Македонскиот народ е работлив, чесен и културен кој заслужува подобра иднина.
Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ
прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото:ВМРО-ДПМНЕ