• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манасиевски: Фатмир Битиќи и СДСМ да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед

Манасиевски: Фатмир Битиќи и СДСМ да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед

Скопје, 24 април 2025

Фатмир Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи.

Го прашуваме Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед?

Дали станува збор за највисоки државни тајни, и како и зошто истиот тој ги чувал во својот дом?

Државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени.

СДС да каже дали изнесувањето на клааифицирани информации од институциите со кои управувале е партиска пракса и насока?

И СДС и Фатмир Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на документи станува збор. А граѓаните дали со кражбата на тие документи е загрозена Македонија.

СДС и Фатмир Битиќи мора да им кажат на граѓаните дали Македонија е загрозена со кражбата на документи кои Фатмир Битиќи не смеел да ги чува во свој посед?

Воедно го повикуваме ЈО да поведе постапка против Битиќи. Одговорност мора да има.

 

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан