• петок, 05 декември 2025

Манасиевски: Нема штитење на поединци затоа што биле блиски до некоја политичка партија, сега секој што греши - одговара

Манасиевски: Нема штитење на поединци затоа што биле блиски до некоја политичка партија, сега секој што греши - одговара

Скопје, 11 август 2025 (МИА) - Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или трета политичка партија. Прекршоците сега се казнуваат, а предметите не стојат по фиоки, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, што МИА ја пренесува во интегрална форма.

Началникот од Демир Хисар кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, а кон него е поднесена и дисциплинска постапка од страна на МВР. Ова е јасен доказ дека нашиот пристап е чесен и без отстапки.

Но да не заборавиме. Овој пристап не беше во времето на Заев, Спасовски и Ахмети. Тогаш се апсеа само политичари кои беа спротивно на СДС и ДУИ. И тоа се апсеа пред нивните деца во раните утрински часови, се влегуваше дома без судска дозвола и се вршеше политички терор врз семејствата на притворените.

Гордана Јанкуловска беше во затвор за „Мерцедесот” кој го гребеа мачки и Заев после го возеше,  Миле Јанакиески беше притворан десетици пати за некој да си ги задоволи своите желби и да се дефокусира јавноста, а Спиро Ристовски, беше тепан во затворот и останатите затвореници се изживуваа врз него.

Тоа беа времиња кога Заев, Спасовски и Ахмети ширеа омраза и злоупотреба на институциите. Кога секој еден кој не беше член на СДС и ДУИ, беше политички прогонуван.

Тоа време заврши. Нема веќе како до сега. Денес, секој што ќе згреши, ќе одговара, без разлика на функцијата и без партиска заштита. Правдата ќе биде задоволена!

 

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=0DzIZv5qrBo

https://www.swisstransfer.com/d/7f738fb4-fa7d-4fcc-b16b-ac998cb0b46f

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан