Мал авион се урна во станбена област во Бурса, загинаа пилот на обука и инструктор
- Две лица загинаа кога едномоторен авион денеска се урна во станбена област во градот Бурса, северозападна Турција, соопштија локалните власти.

Истанбул, 25 април 2022 (МИА) – Две лица загинаа кога едномоторен авион денеска се урна во станбена област во градот Бурса, северозападна Турција, соопштија локалните власти.
Во несреќата загинале инструктор и пилот на обука, додека на земја нема жртви.
Според локалните медиуми, авионот се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот Јунусели.
Бурса се наоѓа на 90 километри јужно од Истанбул. јт/