• четврток, 25 декември 2025

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник 

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник 

Неготино, 20 декември 2025 (МИА) - Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

- Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес. 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција. свд/лв/

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан