• вторник, 05 ноември 2024

Макрон побарал од Путин да го повлече тешкото и лесното оружје од Запорожје

Макрон побарал од Путин да го повлече тешкото и лесното оружје од Запорожје
Париз, 11 септември 2022 година (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му порача на својот руски колега Владимир Путин дека руската окупација е причина за опасност за украинската нуклеарна централа во Запорожје и побара од него да го повлече „тешкото и лесно оружје“,, соопшти Елисејската палата. Кремљ претходно денеска објави дека Путин во телефонски разговор со Макрон го предупредил францускиот претседател за можните катастрофални последици од украинските напади врз нуклеарната електрана, која е во рацете на руските сили. Електрана на југот на Украина беше бомбардирана неколку пати во последните недели, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападите. ссм/

Остани поврзан