• петок, 22 ноември 2024

Македонското трио „Аура“ ќе настапи на Интернационалниот музички фестивал во Врање

Македонското трио „Аура“ ќе настапи на Интернационалниот музички фестивал во Врање
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) – Македонскиот камерен состав трио „Аура“ денеска ќе настапи на 21. Интернационален музички фестивал „Мај месец музике“. Фестивалот  се одржува во Концертната сала на Музичкото училиште во Врање, а свеченото отворање ќе биде во театарот „Бора Станковиќ“, со концерт на Новосадскиот камерен ансамбл. Триото ќе се претстави со делата од Морлачи, Доницети, Пиацола и Коетсиер. „Аура” го сочинуваат тројца македонски музички уметници, флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Тројцата работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Австрија, Азија, Англија, Африка, Бугарија, Германија, САД, Словенија, Србија и Франција. Триото промовира дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав, а нивното заедничко камерно музицирање го карактеризира изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот. ки/са/

Остани поврзан