• петок, 22 ноември 2024

Македонското одбојкарско првенство прекинато без да биде прогласен шампион

Македонското одбојкарско првенство прекинато без да биде прогласен шампион
Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) - Се прекинува одбојкарското првенство за натпреварувачка сезона 2019/2020 година, во сите категории (мажи и жени), без прогласување на победници, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија. За клубовите коишто имаат намера да се натпреваруваат во европските купови за натпреварувачка сезона 2020/2021 година, ќе важи пласманот на екипите на денот на прекинување на првенствата. Доколку за следната натпреварувачка сезона 2020/2021, има клубови коишто имаат намера и желба да учествуваат и да се натпреваруваат во највисок натпреварувачки ранг, Извршниот одбор на ОФМ, по поднесување на пријавите, ќе цени и ќе одлучува дали тие ги исполнуваат предвидените услови. Овие одлуки ОФМ ги донесе по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од коронавирусот. зс/

Остани поврзан