• недела, 17 ноември 2024

Македонски питомци ќе учат во Поморската академија во Варна

Македонски питомци ќе учат во Поморската академија во Варна
Софија, 7 февруари 2022 (МИА) - Двајца питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе посетуваат еден семестар во бугарската Поморска академија „Никола Јонков Вапцаров“ во Варна. Како што јави дописникот на МИА од Софија, македонските питомци ќе престојуваат еден семестар во Бугарската виша поморска школа во рамките на програмата Еразмус +, заедно со осум Романци од Поморската академија „Мирча чел Батран“. Двајцата македонските питомци беа пречекани во академија „Никола Јонков Вапцаров“ со церемонија на подигање на државното знаме на Северна Македонија. нк/сп/

Остани поврзан