Македонски Концепт: Бараме поддршка од стручната јавност и претприемачите за балансиран буџет
- Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски Концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно донесување на балансиран буџет во Република Македонија.

Скопје, 27 ноември 2024
Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски Концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно донесување на балансиран буџет во Република Македонија. Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување.
Подржуваме политики за рационализација на трошоците, строго управување со јавните средства и минимизирање на непотребните или неефикасни трошоци. Одржување на ниски даноци за да се поттикне економската активност, балансирање на приходите преку проширување на даночната основа и легализација на сивата и делови од црната економија.
Доколку ја немаме вашата поддршка, ние не сме во можност да спроведуваме политики кон обезбедување на долгорочна економска стабилност и одржливост на јавните финансии. Особено не ќе можеме да го ограничиме владиното вмешување во економијата и ставање на акцент на вас претриемначите, со цел приватниот сектор да стане двигател на растот. Само со заедничко дејствување, можеме да постигнеме зголемена отчетност и транспарентност во управувањето со јавните ресурси, за да ја спречиме корупција и злоупотребите на владините функционери.
Оваа филозофија на соработка помеѓу политичката партија и претриемачите е особено важна за Македонија како земја која се соочуваат со фискални предизвици, со цел да обезбедиме економска стабилност и доверба кај граѓаните и инвеститорите. Вие сте на потег. Ние стоиме на ваше располагање.
Центар за комуникации и анализа - Македонски Концепт
Фото: Македонски Концепт
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.