• сабота, 21 јуни 2025

Македонските одбојкарки ги почнаа подготовките за Европската сребрена лига

Македонските одбојкарки ги почнаа подготовките за Европската сребрена лига

 

Струмица, 15 мај 2025 (МИА) – Македонската женска сениорска репрезентација денеска во Струмица ги почна подготовките за претстојниот настап во Европската сребрена лига ова лето.

Салата „Парк“ во Струмица ќе биде базата на репрезентацијата се до почетокот на годинешното издание на ЦЕВ  Европската сребрена лига во кое Македонија е домаќин на еден од турнирите, од 30 мај до 1 јуни кога ќе ги пречека Луксембург и Швајцарија.

Означувајќи го стартот на подготовките, селекторот Стефан Пауновиќ истакна дека македонските одбојкарки не влегуваат како аутсајдери во Европската сребрена лига.

„Оптимист сум, веќе ги гледав натпреварите на ривалите од претходниот циклус. Луксембург во последните години има убав континуитет, Швајцарија е селекција која сè уште има шанси за пласман на Европското првенство, но во оваа Сребрена лига сигурно не влегуваме како аутсајдери, без разлика што се кажува на хартија. Сигурен сум дека ќе се бориме за секој поен, за секој сет, со секоја екипа. Нема да гледаме кој е на другата страна, ние ќе ја играме нашата игра и ќе се подготвуваме за тоа, а кој ќе се најде на спротивната страна треба да се плаши“, истакна Пауновиќ. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан