Македонските одбојкари поразени на стартот на Медитеранските игри
- Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби од Египет со 3:0 во сетови (25:23, 25:23, 25:20) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

Оран, 27 јуни 2022 (МИА) – Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби од Египет со 3:0 во сетови (25:23, 25:23, 25:20) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.
Капитенот Никола Ѓорѓиев со 22 поени беше најефикасен во редовите на „црвено – жолтите“, кои сè уште нема победа на Медитеранските игри.
Билансот од 0-6 во досегашните настапи македонските одбојкари можат да го подобрат утре против Италија.
По вчерашниот пораз од Египет од 3:1, македонските одбојкарки, пак, попладнево играат против Тунис, а противник во утрешното трето коло ќе им биде репрезентацијата на Грција. ег/дма/