• сабота, 10 август 2024

Македонските кошаркарки поразени од Данска на ЕП Б дивизија до 18 години

Македонските кошаркарки поразени од Данска на ЕП Б дивизија до 18 години

 

Плоешти, 10 август 2024 (МИА) – Македонската јуниорска женска кошаркарска репрезентација со висок пораз од Данска (92-39) го стартуваше разигрувањето за пласман од 9. до 18. позиција на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во романскиот град Плоешти.

Македонските кошаркари уште на самиот почеток влегоа во голема резултатска негатива.

Данската репрезентација за десет минути направи предност од (26:9), која до полувремето веќе стигна до недостижни (49:22).

Дора Алексова реализираше осум поени, Ана Ангеловска и Зара Стојковска имаа по шест реализации во македонските редови. ег ФОТО: КФСМ

Остани поврзан