Македонските каратисти освоија пет медали на ИТКФ онлајн шампионатот
- Македонската репрезентација во традиционално карате освои два златни, еден сребрен и два бронзени медала во кати на ИТКФ Медитеранскиот онлајн шампионат кој се одржа вчера и денес.

Скопје, 17 јули 2020 (МИА) - Македонската репрезентација во традиционално карате освои два златни, еден сребрен и два бронзени медала во кати на ИТКФ Медитеранскиот онлајн шампионат кој се одржа вчера и денес.
Златни медали освоија Мила Саздова во јуниорска конкуренција и Александра Стојановска во кадетска конкуренција.
Дејан Недев го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција.
Бронзени медали заработија Аљоша Недев кај сениорите и Максим Илиев во кадетска конкуренција. зс/