• петок, 05 декември 2025

Македонскиот репрезентативец потпиша за Левски

Македонскиот репрезентативец потпиша за Левски

Софија, 15.август 2025 (МИА) - Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов кариерата ќе ја продолжи во Бугарија во екипата на Левски Софија. Тој откако ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со клубот до 2028 година.

За македонската репрезентација Серафимов има одиграно 22 натпревара и постигнато еден гол.

Серафимов досега настапуваше за унгарската екипа Фехервар од 2022 година. Претходно има има настапувано и за македонските екипи: Вардар, Пелистер и Брегалница.   мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан