Македонска Каменица објави јавен повик за финансирање социјални услуги за 2025 година
- Повикот е објавен врз основа на Законот за локална самоуправа и Програмата за социјални услуги на Општината за 2025 година, а целта е поддршка на приоритетната услуга – „Помош и нега во домот“ за ранливи категории граѓани.
Македонска Каменица, 11 јули 2025 (МИА) – Општина Македонска Каменица објави Јавен повик за прибирање барања за користење средства од општинскиот Буџет за 2025 година, наменети за финансирање социјални услуги и сервиси за граѓаните.
Повикот е објавен врз основа на Законот за локална самоуправа и Програмата за социјални услуги на Општината за 2025 година, а целта е поддршка на приоритетната услуга – „Помош и нега во домот“ за ранливи категории граѓани.
Право на учество имаат здруженија – даватели на социјални услуги со седиште во Општина Македонска Каменица кои исполнуваат повеќе критериуми.
-Истите треба да се регистрирани во Централниот регистар на РСМ, да имаат важечка лиценца од Министерството за труд и социјална политика или потврда дека се провајдери на конкретната услуга, да имаат активен статус од најмалку една година и отворена трансакциска сметка, да дејствуваат на територијата на општината, информираа од Општина Македонска Каменица.
Апликантите треба да достават целосна документација, вклучувајќи: тековна состојба, лиценца, финансиски план, пријава за аплицирање која е достапна на општинската веб страница, завршна сметка за 2024 година и договори за реализирани услуги во претходните две години.
Рокот за поднесување на пријавите е седум дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општината. Документите се доставуваат во Архивата на Општина Македонска Каменица, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
Некомплетни и задоцнети пријави нема да се разгледуваат. По завршувањето на активностите, одобрени апликанти ќе имаат обврска да достават извештај за користењето на средствата до надлежната Комисија. вс/нд/
Фото: Општина Македонска Каменица