• понеделник, 23 декември 2024

Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат

Скопје, 10 април 2023 (МИА) - Македонската репрезентација во традиционално карате е најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат одржан викендот во Скопје со освоени вкупно 135 медали 40 златни, 39 сребрени и 56 бронзени медали.

 

Медалите се освоени во сите возрасни категории и дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.

 

Најуспешни наши каратисти со освоени повеќе златни, сребрени и бронзени медали беа: Димитри Влахо, Антонија Белазелкоска, Сашо Спасовски, Бојан Богдановиќ, Берта Милевска, Мила Младеновска, Јана Милевска, Марта Димковска, Изабела Пренковска во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција, а кај децата најуспешни беа: Камелија Недев, Филип Недев, Матеј Мангаровски, Срна Вапски, Мариастела Топалоска, Софиа Топалоска, Софија Јарчевска, Ива Спасеновска, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски, Георги Кокорманов и Максим Поп Трпев.

 

На Балканскиот шампионат учествуваа 274 каратисти од 6 држави. Македонската репрезентација бореше 80 каратисти. зс/

Остани поврзан