• вторник, 02 јули 2024

Македонската баскет репрезентација ги почна подготовките за евроквалификациите

Македонската баскет репрезентација ги почна подготовките за евроквалификациите
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) – Со првиот собир во Скопје, машката македонска 3×3 баскет репрезентација означи почеток на подготвителниот период во пресрет на натпреварите од квалификациите за Европскиот Куп чие седмо издание е закажано за во септември. Четворицата баскетџии во националните бои ќе се надигруваат на 3×3 евроквалификацискиот турнир закажан за почетокот на месец јуни заедно со соодветните селекции на Романија, Полска, Унгарија, Чешка, Велика Британија, Естонија, Италија, Турција, Данска, Бугарија, Шпанија и Црна Гора. Квалификацискиот турнир ќе се одигра во Констанца, Романија на 4. и на 5. Јуни. ег/дма/

Остани поврзан