Македонија до 16 поразена од Русија во контролен натпревар
- Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години загуби со 3:0 од соодветната селекција на Русија во контролен натпревар што беше одигран во Сиде, Анталија.

Анталија, 23 март 2025 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години загуби со 3:0 од соодветната селекција на Русија во контролен натпревар што беше одигран во Сиде, Анталија.
Противникот ја оправда фаворитската улога и заслужено оствари триумф. Уште пo првите 45. минута, репрезентацијата на Русија со два гола го реши прашањето на победникот. Во вториот дел постигнаа уште еден гол за конечни 3:0.
Избраниците на селекторот Драган Начевски имаа свои прилики на денешната средба кои не ги искористија. Најдобрите можности за Македонија ги имаа Сонер Ракипи и Дејан Спасевски, но без реализација.
Младата репрезентација на Македонија во Анталија ќе одигра уште еден контролен натпревар. Противник ќе биде селекцијата на Киргистан. Дуелот на програмата е на 25. март со почеток во 9. часот наутро. дс
Фото: ФФМ