• петок, 05 декември 2025

Македонија во неизвесен дуел одигра нерешено со Литванија

Македонија во неизвесен дуел одигра нерешено со Литванија

Подгорица, 14.јули 2025 (МИА) - Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (до 19 години) одигра нерешено 29:29 со Литванија попладнево во натпревар од разигрување на Европското првенство што се игра во Црна Гора. 

Првиот дел мина во знакот на ракометарките на Литванија, кои по 11:10 направија серија од 5-0 за водство од 16:10 (највисоки +6) и на полувреме беше 17:12. 

Но, на стартот на вториот дел избраничките на селекторот Симе Симовски со серија од 7-2 изедначија на 19:19. До крајот на натпреварот двете селекции се менуваа во водство и нерешено беше дури осум пати, а македонските ракометарки во три наврати имаа гол предност (како и 29:28). На крајот Литванија постигна гол за нерешено - 29:29.

Најефикасни кај Македонија беа Исидора Котевска со 9 голови, а Леона Миленкоска постигна 7, додека кај Литванија Габија Пиликаускаите постигна 11.

Во вториот дуел од групата Полска го победи Исланд со 26:21. 

Утре Македонија во 14:30 часот игра против Исланд.   мн/

Фото: Фејсбук РФМ

Остани поврзан