• понеделник, 23 декември 2024

Мадона ќе режира автобиографски филм

Мадона ќе режира автобиографски филм
Лос Анџелес, 16 септември 2020 (МИА) - Мадона ќе го режира својот биографски филм, во продукција на Јуниверзал пикчрс. Сценарист на филмот ќе биде Дијабло Коди. - Сакам да го пренесам тоа неверојатно патешествие во коешто животот ме вовлече како музичарка, филмска уметница и танчерка - како личност која се обиде да направи свој пат во овој свет. Во фокусот на филмот ќе биде музиката. Музиката ме одржуваше... Навистина ме одржуваше во живот. Има толку многу нераскажани и инспиративни приказни од мојот живот, и кој може да ги раскаже подобро од мене? Важно е да го споделам тоа патување, тоа возење со ролеркостер, каков што е мојот живот и мојот глас и сѐ што луѓето гледаат, изјави поп-пејачката. Дона Ленгли, претседателка на Јуниверрзал груп, смета дека Мадона е „најголемата поп-икона, уметничка и бунтовничка“. - Со својот уникатен дар на создавање уметност што е достапна за секого и безгранична, таа ја обликуваше нашата современа култура на начин што малкумина го знаат. Неверојатна чест е за сите во Јуниверзал, што ќе работиме со неа, изјави Ленгли. си/

Остани поврзан