Магуфули призна дека Ковид-19 не може да биде победен со молитва
- Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули конечно призна дека во неговата земја постои проблем со Ковид-19, иако се месеци тврдеше дека вирусот може да се победи со молитва

Додома, 22 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули конечно призна дека во неговата земја постои проблем со Ковид-19, иако се месеци тврдеше дека вирусот може да се победи со молитва.
Тој упати апел до граѓаните на Танзанија да преземат заштитни мерки, дури и да носат маски, но произведени само во Танзанија.
Магуфули претходно јавно изразуваше сомнеж во странските производите, вклучително и вакцините против Ковид-19.
Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Габреисус претходно го повика танзанискиот државен врв во интерес на своите граѓани да го признае постоењето на болеста. ми/