• петок, 05 декември 2025

МААЕ извести за артилериско гранатирање во близина на нуклеарната централа Запорожје

МААЕ извести за артилериско гранатирање во близина на нуклеарната централа Запорожје

Виена, 17 септември 2025 (МИА) - Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) извести за артилериско гранатирање во близина на нуклеарната централа Запорожје, која е окупирана од Русија.

Тимот на МААЕ, кој е сместен во најголемата нуклеарна централа во Европа, слушнал пукање во областа. Црн чад се кревал од три блиски локации, соопштија инспекторите од нуклеарниот регулатор на ОН.

На тимот му било кажано дека повеќе гранати паднале на околу 400 метри од складиштето за дизел гориво надвор од централата.

-Иако немаше извештаи за жртви или штети на опрема, инцидентот уште еднаш ги истакна тековните закани за нуклеарната безбедност, рече генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.

Во областа на нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од Русија во март 2022 година - кратко по почетокот на војната, често се пријавува гранатирање, за што двете страни во конфликтот се обвинуваат меѓусебно. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан