• петок, 05 декември 2025

Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ - дигитален сервис за граѓаните за пријавување проблеми и издавање документи

Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ - дигитален сервис за граѓаните за пријавување проблеми и издавање документи

3 октомври 2025

Почитувани карпошани сакам да го завршам времето кога за еден документ мораше да се земе боледување. Времето кога работата со општината значеше да стоиш на шалтер и некој да ти каже недостига уште едeн печат. Општината не смее да биде макотрпна обврска, општината мора да биде услуга на еден клик, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Затоа ќе ја воведам апликацијата „ Мој Карпош“ која ќе претставува дигитален сервис, преку кој граѓаните ќе може да пријавуваат проблеми, да поднесат барање, да добијат одговор.

Преку апликацијата ќе можеш да сликаш искршена клупа, запуштена шахта или оштетена инфраструктура и да го испратиш директно до одговорната служба без многу објаснување без број на предмет. Системот сам ќе го проследи а граѓанинот ќе добие известување кога ќе биде реагирано. Тоа е мојата визија за општина без изговори.

Ќе овозможам и целосно електронско барање на документи како уверенија, потврди, пријави. Наместо дојди во понеделник системот ќе ти рече веднаш.

За оние што не користат технологија ќе има и административци на самото лице место кои ќе пополнуваат наместо тебе. Ќе поставам интерактивна мапа на проектите каде секој граѓанин ќе може да види која улица, кога се средува што е во тек, што е завршено.

Транспарентната општина не е онаа што вели ќе направиме, туку онаа што покажува еве се прави.

Мојата визија е граѓанинот да не оди во општината, туку таа да дојде кај него! Не со пароли туку со интернет, не со ветувања туку само на еден клик.

Лукровски: 2 нови резервоари за вода, еден во Нерези, друг во Бардовци за да се реши притисокот со водоснабдувањето

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, утринава гостуваше на Радио Лидер, каде што даде јасна порака дека Карпош е зрел за промени, бидејќи анкетите се повеќе велат дека тој ќе биде идниот градоначалник на карпошани.

Лукровски истакна дел од проблемите со кои се соочуваат карпошани, но и посочи дека во неговата програма има решение за истите. Тој говореше за проблемот со водоснабдувањето, со оглед на тоа дека е зголемен бројот на жители во Карпош, тој ветува нови 2 резервоари во Бардовци и една во Нерези.

„Се планираат 2 нови резервоари во Бардовци и во висока зона Карпош, односно во Нерези. Ние немаме капацитет за вода, не пак да говориме за градба на згради. Мојот став е дека треба да се гради, меѓутоа тоа треба да е плански’’, соопшти Лукровски.

Проблемот со паркирањето во Карпош е голем предизвик за Лукровски, но решението го гледа во изградба на нови монтажни гаражи кои би го решиле проблемот со паркирањето, а во одреден дел воведување и на зонско паркирање.

Лукровски пред граѓаните вети многу работа, многу труд, пред се чесно и посветено.

„Можам да ветам многу работа, чесна работа, можам да ветам транспарентно работење, присуство меѓу граѓаните. Како човек, сакам да бидам меѓу луѓето и да го слушнам размислувањето. Ние и програмата ја правевме заедно со нив. Да го средиме административниот дел, да бидам помалку во канцеларија, да бидам меѓу граѓаните, да ги слушам проблемите и да ги решаваме заедно’’, заклучи Лукровски.

 

кандидат за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан