Лукман сака да се пресели од Аталанта во Интер
- Фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман, изрази интерес за преселба во Интер, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалните мрежи.
Бергамо, 17, јули 2025 (МИА) – Фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман, изрази интерес за преселба во Интер, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалните мрежи.
Според изворот, 27-годишниот Нигериец го известил својот клуб дека сака да си замине. Аталанта очекува да добие најмалку 40 милиони евра за трансферот на играчот.
Во сезоната 2024/25, 27-годишниот Лукман одигра 39 натпревари, постигнувајќи 20 гола и седум асистенции.
Тековниот договор на Лукман е до 30 јуни 2027 година. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА