• понеделник, 23 декември 2024

Лукашенко: На Белорусија и се заканува распаѓање

Лукашенко: На Белорусија и се заканува распаѓање
Минск, 10 јули 2020 (МИА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди дека постои закана од распаѓање на земјата. - Не би сакал утре да се урне се, што не сум го градел само јас со сопствени раце. Не би сакал некој да дојде и да почне да врши експерименти, истакна Лукашенко. Тој нагласи дека промените во Белорусија треба да се извршат согласно Уставот, а не на улица. Во спротивно, според него, државата ќе ја избрише цела своја историја. Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат на 9 август. Во текот на предизборната кампања се уапсени неколку лидери на опозицијата и кандидатот Виктор Бабарико. Властите соопштија дека апсењата не се политички мотивирани, туку станува збор за направени прекршоци за време на масовните собири. гт/

Остани поврзан