• сабота, 23 ноември 2024

Лукашенко: Зад протестите стојат западните земји

Лукашенко: Зад протестите стојат западните земји
Минск, 16 септември 2020 (МИА) - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека анализата на неодамнешните настани покажала дека западните земји подготвуваат протестни митинзи веќе 10 години, јави агенцијата БелТА. „Анализата на случувањата ги покажува вистинските планови и тактики на странските агресори против Белорусија, не само противниците“, наведува агенцијата, додавајќи дека шефот на државата веќе 10 години внимателно се подготвувал за актуелниоот критичен момент, заснован на обоените револуции инспирирани од Соединетите Американски Држави. Како што пренесува агенцијата ТАСС, на собирот на политички активисти, тој ги споменал САД, нивната мрежа на фондации за поддршка на демократијата, потоа Полска, Литванија, Чешка и, „за жал, нашата Украина“ како главни организатори, наведувајќи дека секоја од нив има своја посебна улога. Лукашенка ги обвини и независните и странските медиуми со програми за Белорусија дека работат на поткопување на довербата на луѓето во државата, во време на пандемија на коронавирусот. Претседателот на Белорусија исто така најави дека ќе се одржат нови избори во согласност со новиот Устав на земјата. паг/ 

Остани поврзан