Лоциран рускиот авион кој исчезна од радарот, во него имало осум лица
- Руски авион Ан-12 исчезна од радарот додека летал од Јакутск кон Иркутск, изјави портпаролот на Министерството за вонредни состојби на земјата, додавајќи дека авионот бил лоциран.
![Лоциран рускиот авион кој исчезна од радарот, во него имало осум лица](https://mia.mk/images/20221108214900_big_730x400_14.webp )
Москва, 3 октомври 2021 (МИА) - Руски авион Ан-12 исчезна од радарот додека летал од Јакутск кон Иркутск, изјави портпаролот на Министерството за вонредни состојби на земјата, додавајќи дека авионот бил лоциран.
„Припадниците на противпожарната бригада и спасувачките екипи се на лице место. Авионот се запали“, изјави портпаролот.
Како што пренесуваат руските медиуми, во моментот на исчезнувањето во авионот имало осум лица.
Се претпоставува дека авионот е во сопственост на белоруската компанија „Гродно“. паг/