• сабота, 27 јули 2024

Лопез ја зачува титулата во перолесна категорија

Лопез ја зачува титулата во перолесна категорија

 

Њујорк, 3 март 2024 (МИА) – Мексиканскиот боксер Луис Алберто Лопез ја зачува титулата во перолесна категорија во IBF верзијата, совладувајќи го Јапонецот Реија Абе изминатата ноќ во Њујорк.

Триесетгодишниот Лопез до одбрана на титулата дојде со нокаут во осмата рунда.

Поразениот Абе не успеа да стане 100. светски првак во перолесна категорија и прв Јапонец кому тоа му успеало по сонародникот Јошио Сураи во 1952 година.

Во втората финална борба ноќта меѓу саботата и недела во Њујорк, американскиот боксер Рејмонд Форд стана светски првак во лесна категорија во WBA верзијата, совладувајќи го Узбекистанецот Отабек Холматов. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан