Локалните самоуправи ги добија парите од унгарскиот кредит, рече министерката Димитриеска - Кочоска
- Министерката за финансии, Гордана Димитриеска - Кочоска, денеска изјави дека локалните самоуправи веќе ги добиле 250-те милиони евра, средствата наменети за нив од унгарскиот кредит.
Скопје, 28 јуни 2025 (МИА) -Министерката за финансии, Гордана Димитриеска - Кочоска, денеска изјави дека локалните самоуправи веќе ги добиле 250-те милиони евра, средствата наменети за нив од унгарскиот кредит.
- Локалните самоуправи ги добија оние четири милијарди и шестотини милиони денари од минатата година и годинава исто така добија средства. До каде се во постапките, ќе треба поединечно да се види со секоја институција што е одговорна. Ако се инфраструктурни проекти во општините, ќе треба да се праша во Министерството за транспорт. Ако е дел нешто од образованието, за училишта, доградби, реконструкции и слично, во Министерството за образование. Немам информации до каде се со потпишувањето на меѓусебните договори, помеѓу општините и надлежните министерства, појасни министерката на новинарски прашања, на прес-конференцијата што ја одржа во медија центарот на Владата
Запрашана, во контекст на поддршката за локалните самоуправи за вториот повик и околу тоа колку средства се побарани од Министерството за локална самоуправа за апликациите поднесени по вториот повик, министерката Димитриеска - Кочоска одговори дека секоја институција побарала толку средства, колку што смета дека ќе ги изреализира во тековната година. бд/вг/
Фото: МИА Архива
Видео: Влада