• недела, 19 април 2026

Ловочувар најден со прострелна рана во близина на Виница, четири лица задржани во станица

Ловочувар најден со прострелна рана во близина на Виница, четири лица задржани во станица

Скопје, 29 март 2026 (МИА) - Во близина на Виница пронајдено е тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од државното јавното  обвинителство.

Увид на местото извршиле припадници на Основното јавно обвинителство Кочани, а според првичните информации починатото лице е идентификувано како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.

Посочуваат дека во рамки на истрагата задржани се тројца странски државјани и еден македонски државјани кои биле дел од истата ловна група. За нив, надлежните институции ќе испитуваат дали биле инволвирани во пукањето.

-Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан, велат од Основното јавно обвинителство. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан