Лишен од слобода кумановец, пронајдени пиротехнички средства, следува пријава
- Полицијата одзеде пиротехнички средства од автомобил на кумановец кој продавал овошје и зеленчук, соопшти денеска СВР Куманово.
Куманово, 2 декември 2025 (МИА) - Полицијата одзеде пиротехнички средства од автомобил на кумановец кој продавал овошје и зеленчук, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера, во 12:20 часот во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од село Тромеѓа, Кумановско.
-Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на улица „Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1 100 разновидни пиротехнички срредства, соопшти СВР Куманово.
Тој е задржан во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ам/мд/
Фото: МИА