Лишен од слобода возач во Пробиштип, управувал возило по дејство на алкохол
- Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип, ноќеска 10 минути по полноќ во Пробиштип, го лишиле од слобода О.Т.(39) од Пробиштип.
Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип, ноќеска 10 минути по полноќ во Пробиштип, го лишиле од слобода О.Т. (39) од Пробиштип.
Како што соопшти МВР, при сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. дма/aa/
Фото: МИА архива