• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода возач во Куманово со 1.80 промили алкохол во крвта

Лишен од слобода возач во Куманово со 1.80 промили алкохол во крвта

Скопје, 4 август 2025 (МИА) - Полициски службеници во Куманово вчера го привеле 52-годишниот Б.М. од село Клечовце, откако бил затекнат како управува возило со 1.80 промили алкохол во крвта.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи,  на 3 август во 21:50 часот,  на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М.(52) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане.

-При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.80 промили алкохол во крвта, стои во соопштението од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. ар/дма/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан