• среда, 22 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведени две лица, одземено товарното возило во кое се певезувале

Приведени две лица, одземено товарното возило во кое се певезувале

Скопје, 24 јули 2025 (МИА) - Две лица од село Блаце од кои едното малолетно, утрово се лишени од слобода откако биле сопрени од полицијата во товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, кај местото викано Радушка река.

Од МВР соопштија дека полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка, постапувајќи по претходно утврден план за сузбивање на прекуграничен криминал,  кај место викано Радушка река било сопрено товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки.

-Лишени од слобода се Е.Б.(21) и едно малолетно лице, двајцата од село Блаце, при што одземено е товарното возило за понатамошна постапка. Лицата се пренесени во Полициска станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во полициското соопштение.бк/са/

фото: МВР

Остани поврзан